Бројот на заразени лица со Ковид-19 е во пораст во 40 од вкупно 50 американски сојузни држави, а од ширење на болеста во моментот поштеден е само североисточниот дел на земјата, покажуваат податоците на Проектот за следење на коронавирусот, волонтерска организација која собира податоци за тестирањето.
Порастот на бројот на новозаразени лица се должи и на тоа што Американците не носат маски и не држат физичка дистанца по отворањето на економијата.
Поради раст на бројот на инфицирани лица во 40 проценти од САД повторно се вовоедуваат рестрикции или се откажува отворањето на економијата.
Вo САД 2.837.189 луѓе се инфицирани со Ковид-19, од кои 131.485 починале, а оздравеле 1.191.091 луѓе.