петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Белгија откриени уште два случаи на сојот омикрон

Во Белгија откриени уште два случаи на сојот омикрон

Уште двајца пациенти во Белгија се дијагностицирани со новиот омикрон сој на коронавирусот, вкупниот број на познати случаи сега достигнува четири, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белгија беше првата земја во Европа што објави присуство на новата мутација на вирусот, вчера беше детектиран втор, а денеска универзитетската болница во Гент пријави уште два случаи.

Едниот пациент неодамна патувал, другиот не.

Во текот на денот се чека нов извештај на експертската група, врз чијашто основа ќе се одлучува за свикување на нов министерски состанок за да се разговара за дополнителни рестриктивни мерки за спречување на ширење на вирусот.