четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Боливија одложени општите избори поради Ковид-19

Во Боливија одложени општите избори поради Ковид-19

Општите избори во Боливија закажани за 6 септември се одложени за 18 октомври како резултат на зголемувањето на бројот на случаи на заразени со новиот коронавирус во државата. Тоа го соопшти Врховниот изборен суд во Боливија.

Претседателот на тоа тело, Салвадор Ромеро објави дека одлучиле одложување на изборите за претседател, потпретседател, пратеници и сенатори за недела, 18 октомври.

Изборите, првично закажани за мај, веќе беа одложени до септември поради пандемијата.