недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Божиќната молитва Папата повика на сите да им се обезбеди здравствена заштита и да се стави крај на пандемијата

Во Божиќната молитва Папата повика на сите да им се обезбеди здравствена заштита и да се стави крај на пандемијата

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска, на Божиќ, рече молитва за крај на пандемијата на коронавирусот, а повика на здравствена заштита за сите, вакцини за сиромашните и дијалог за решавање на конфликтите во светот.

На плоштадот Св. Петра на мисата и на божиќниот говор на папата присуствуваа неколку илјади верници, во кој тој со жалење се осврна на конфликтите во Сирија, Јемен и Ирак, тензиите во Украина и Етиопија и „кризата без преседан“ во Либан, пренесува АП.

– Толку сме навикнати на конфликти што сега се премолчуваат огромни трагедии, ризикуваме да не го слушнеме плачот на болка и страдање на многу наши браќа и сестри – рече Папата од балконот на Св. Петра.

Тој предупреди дека поради пандемијата луѓето се повлекуваат и се изолираат и повика на дијалог за да се решат конфликтите во светот.

– На меѓународно ниво постои ризик од избегнување на дијалогот, ризик комплексните кризи да доведат до барање кратенки наместо подолг пат до дијалог. Сепак, само таквите начини можат да доведат до решавање на конфликти и трајни придобивки за сите – рече тој.

Ројтерс забележува дека папата го употребил зборот „дијалог“ дури 11 пати во говор на две страници.

Папата, исто така, се молеше особено за оние кои се најпогодени од вирусот, како и за жртвите на семејно насилство за време на пандемијата, жените, децата, како и за утеха на старите и осамените, за здравјето на здравствените работници кои се „великодушно посветени “ на грижата за болните.