недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Во Франција денеска регистрирани рекордни 20.330 новозаразени со коронавирус

Во Франција денеска регистрирани рекордни 20.330 новозаразени со коронавирус

Во последните 24 часа во Франција се регирстрирани рекордни над 20.000 новозарзени лица со коронавирус, што се случува за првпат од почетокот на епидемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Министерството соопшти дека во последното деноноќие евидентирало 20.330 нови инфекции или досега вкупно 691.977 од почетокот на епидемијата.

Последниве 24 часа бројот на умрени е зголемен за 109, или вкупно 32.630, што е најголема бројка оваа недела, но е далеку под 150, колку што се бележеа претходно.