среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Хавана првпат воведен полициски час поради пандемијата

Во Хавана првпат воведен полициски час поради пандемијата

Граѓаните на Хавана, првпат од почетокот на пандемијата, ќе се соочат со полициски час и ќе им биде забрането да патуваат низ земјата, објавија властите во кубанскиот главен град.

Полицискиот час ќе трае од 19 до 5 часот, вкупно 15 дена, најави гувернерот на Реиналдо Гарсија Запата и предупреди дека ќе се зголеми износот на казните за сите оние кои не носат маски или консумираат алкохол на јавно место.

Во Куба досега се потврдени 3.806 заразени од Ковид-19 и 92 смртни случаи, се наведува во последниот извештај на американскиот универзитет „Џон Хопкинс“.

Си-Ен-Ен јави дека властите во Куба се борат против епидемијата, но дека ситуацијата не е целосно под контрола. (МИА)