Животот во Иран полека се враќа во нормални текови откако се олеснети рестриктивните мерки воведени во борбата против коронавирусот.
Дневниот пораст на бројот на починати од Ковид-19 во земјата во претходните 24 часа беше под 100.
Откако Владата одлучи да ги ублажи мерките воведени со цел борба против епидемијата, во Иран се отворени продавниците, пазарите и парковите, а повторно е воспоставен и меѓуградскиот сообраќај.
Училиштата и универзитетите се уште се затворени, а јавните собирања се забранети.
Во последните 24 часа во Иран од Ковид-19 починале уште 90 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 5.481. Од 14 април бројот на смртни случаи во Иран на дневно ниво не надминува 100.
Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 87.026, соопшти Министерството за здравство.