Нов Зеланд ќе почне со вакцинирање на целото свое население против Ковид-19 во втората половина на следната година. Ова ќе биде нејзината најголема програма за имунизација досега, рече премиерот Џасинда Ардерн.
– Владата обезбеди две дополнителни вакцини од фармацевтските компании АстраЗенека и Новавакс и ќе има доволно дози за сите пет милиони Новозеланѓани, изјави Ардерн во Велингтон.
Претходните договори беа постигнати со Pfizer / BioNTech и Janssen.
– Доколку се докаже безбедна и ефикасна, имунизацијата ќе почне со вработените во првата линија во вториот квартал од 2021 година и остатокот од населението во втората половина од годината, рече таа.
Вакцините ќе бидат бесплатни за жителите на државата.