На милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вакцината против коронавирус од утре, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС.
Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години.
Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да закажат вакцинација.