Авиокoмпаниите во САД денеска откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови.
Поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, авиокомпаниите откажуваат летови, а пилотите и членовите на екпажите одат во карантин. Настрадаа и крузерските компании.
Пилотите и членовите на екипажите се принудени да се изолираат, а патниците кои сепак се одлучија да патуваат користат друг вид на транспорт. Вредноста на акциите на авиокомпаниите како „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајн“ и „Саутвест ерлајнс“ денеска се намали за два до три отсто.За време на божиќните празници бројот на откажани летови изнесува 3.000. Во некои региони на САД ситуацијата се влоши и поради лошото време. Поради заразени со Ковид-19 прекинати се пловењата на три големи крузерски компании. (МИА)