Веќе еден милион Американци ја примија првата доза на вакцина за коронавирусот, објави синоќа директорот на главната федерална агенција за јавно здравје, Роберт Редфилд.
САД преминаа важен праг денеска, локалните власти објавија дека повеќе од милион луѓе ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19 во кампањата за вакцинација што започна пред десет дена, нагласи тој.
Сепак, Монсеф Слауи, главен советник за владината програма за вакцинирање, изјави дека е тешко да се постигне целта за имунизација на 20 милиони луѓе до крајот на годината.
САД имаат за цел да вакцинираат 100 милиони луѓе пред крајот на првиот квартал на 2021 година, и уште 100 милиони до крајот на вториот квартал.
Роберт Редфилд, сепак, повика да се продолжат мерките за физичко растојание и носење маски.
Две вакцини, на Фајзер/БиоНТех и на Moдерна досега се одобрени во САД.
Главниот американски имунолог Ентони Фаучи вчера рече дека ако програмата продолжи без проблеми, земјата може да достигне од 70 до 85 проценти имунитет до следното лето.