САД втор ден по ред бележат трагичен рекорд по смртни случаи – во последните 24 часа, од корона вирусот починале 2.371 лице со што вкупниот број на жртви се искачи на 30.800.
Бројот на заразени надмина 640.000, а речиси 50.000 пациенти оздравеле.
Првите случаи на заразата во САД беа пријавени на 29 февруари. За 38 дена, бројот на жртви достигна 10.000, а само девет дена подоцна починаа 30.000 луѓе.
И покрај фактот што бројот на починати и новозаразени лица секојдневно сè уште е голем, во некои делови на Америка епидемијата опаѓа.
Гувернерите на 20 држави во кои има заразени, веруваат дека на 1 мај можат повторно да ја придвижат економијата, датум кој претседателот Доналд Трамп го означи како почеток на отворањето на земјата