среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Шпанија на 16 јули церемонија во чест на починатите од Ковид-19

Во Шпанија на 16 јули церемонија во чест на починатите од Ковид-19

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска соопшти дека државната церемонија во чест на починатите од Ковид-19 ќе се одржи на 16 јули.

Тој пред пратениците во Парламентот рече дека церемонијата ќе ја води шпанскиот крал Филип Шести и оти на неа ќе присуствуваат и претставници на ЕУ и СЗО.

Церемонијата ќе се одржи четири месеци по воведувањето на ригорозните мерки за карантин во земјата, кога населението остана дома, а економските активности беа стопирани.

Од почетокот на епидемијата во Шпанија се заразиле повеќе од 244.000 луѓе, а починале 27.136 лица.