Шведскиот уметник, Ларс Вилкс познат по тоа што нацрта карикатура на пророкот Мухамед на која на тело на куче ја нацрта неговата глава, загина во сообраќајна несреќа, јавува Би-Би-Си.
Вилкс бил во автомобил на цивилна полиција кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид
Во несреќата починале и двајцата полицајци, а возачот на камионот е повреден.
Од 2007 година Вилкс бил под полициска заштита бидејќи добивал смртни закани поради наведената карикатура. Полицијата соопшти дека засега не е јасно како судирот се случил.
Откако ја објави карикатурата на Мухамед, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за негово убиство. Пред објавување на спорната карикатура Вилкс не бил многу познат надвор од Шведска.