Турското државно обвинителство издаде наредба за апсење на 300 луѓе, од кои поголемиот број воени лица.
Тие се осомничени за поврзаност со мрежата на имамот Фејтулах Ѓулен, за кого Анкара тврди дека го организирал неуспешниот обид за воен удар во јули 2016 година.
Според турските медиуми за 211 активни припадници на армија им се заканува притвор.
Турската полиција вчера во Измир уапси 65 лица под обвинение дека се поврзани со мрежата на Ѓулен. Најголем број од приведените се поранешни припадници на военовоздухопловните сили.
Турција по неуспешниот пуч во 2016 година воведе вонредна состојба и почна масовни апсења. Досега се уапсени повеќе од 50.000 лица, а 110.000 се отпуштени од работа.
(Миа)