Новиот антивирусен лек „Молнупиравир“ може да го смени текот на пидемијата на коронавирусот, бидејќи за време на експерименталното истражување е докажано дека ја запира репродукцијата на вирусот во организмот и спречува развој на потешка форма на болеста.
-Тестирањето на експерименталните таблети против Ковид-19 наречени ‘молнупиравир’, спроведено од ‘Мерк и Риџбек биотерапевтика’, покажа ветувачки знаци на ефикасност во намалувањето на вирусот кај пациентите, објави во неделата лекарот Марк Сигал, кој учествуваше во ова истражување.
-Штотуку беше проучен во испитувањата во втората фаза и буквално го запре размножувањето на вирусот кај пациентите кои беа во контролната група. Пациентите го користеле лекот пет дена, биле на домашно лекување… Значи, терапијата е речиси идентична со онаа кога се зема “тамифлу“ за вирусот на грип“, рече тој.
Сигал рече дека овој лек може да се појави на пазарот за четири до пет месеци.
Лекарот рече дека, иако досега биле проучени само 182 пациенти, апчињата сè уште можат да бидат многу ветувачки за илјадници луѓе.