Австралиската сојузна држава Викторија првпат по два месеца не пријави нови смртни случаи од последици од новиот коронавирус.
Во Викторија во изминатите 24 часа регистрирани се 42 новозаболени лица, што е многу помалку од над 700, колку што беа пријавувани на почетокот од август.
Главниот град на Викторија – Мелбурн останува под карантин до 28 септември, но поради намалување на бројот на новозаразени, граѓаните ќе можат подолг период да престојуваат на отворено, а намален е и полицискиот час.
Во Викторија живее една четвртина од 25-милионското население во Австралија, а беа регистрирани околу 75 проценти од вкупно 26.700 инфицирани лица и 90 отсто од 816 смртни случаи.