Во Женева денеска почнува дводневниот светски форум на Светската здравствена организација, на кој ќе се разговара за мерките во борбата против коронавирусот.
На форумот ќе учествуваат повеќе од 400 експерти, научници и здравствени функционери од различни земји.
Целта на форумот е да се идентификуваат празнините во знаењето и приоритетите во истражувањето за да се добијат научни информации и медицински производи што се најпотребни за да се минимизира влијанието на вирусот.
Учесниците исто така ќе се обидат да го идентификуваат вистинскиот извор на инфекција, да разменат биолошки примероци и делови од геномот на вирусот.
Досега од коронавирусот починаа 1.016 лица, а заразени се повеќе од 42.000.