среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вонредна седница во Финска, овие локали ќе останат затворени до 18 април

Вонредна седница во Финска, овие локали ќе останат затворени до 18 април

Ресторани, барови, кафулиња и ноќни клубови во повеќето делови на Финска ќе останат затворени до 18 април поради пандемијата на коронавирусот. Одлуката беше донесена синоќа на вонредна седница на финскиот Парламент.

На 22 март, финската Влада предложи да се продолжи затворањето на установите. Таа мерка се однесува на повеќето региони во земјата, вклучувајќи го и главниот град. Локалитетите се затворени три недели како дел од „локдаун“ воведен на 8 март поради влошената епидемиолошка состојба во земјата. На рестораните се уште им е дозволено да продаваат храна за дома.

Бројот на случаи на инфекција со коронавирус во Финска е зголемен за 458 за изминатиот ден на 76.003.

Вкупно 817 лица во земјата починаа од компликации од инфекцијата. Повеќето новозаразени се регистрирани на 14 март – 863.