понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За 15 години во инциденти при работа во Турција загинале 17.000 работници

За 15 години во инциденти при работа во Турција загинале 17.000 работници

Во периодот од почетокот на 2003, па до крајот на 2017 година во Турција при инциденти на работните места животите ги загубиле речиси 17.000 работници.

Во текот на овие 15 години, според податоците наведени во извештајот изработен од потпретседателката на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Гамзе Акуш Илгезди, вкупно околу 1,7 милиони турски работници имале некаков вид инцидент на своите работни места.

Најголем број инциденти при работа се случиле во градежништвото, каде во посочениот период загинале 5.121 работник, а речиси 208.000 биле повредени.

На второ место е производниот сектор со над 163.000 повредени работници во инциденти при работа, а на трето рударството со 145.000 повредени и 2.565 загинати.

Најтешкиот инцидент при работа во Турција се случи во рудник во близина на градот Сома на 13 мај 2014 година, кога при експлозија во рударското окно загинаа 301 рудар.

Во извештајот се посочува дека како последици на повреди здобиени во инциденти при работа, над 30.000 лица во Турција ја загубиле работната способност.