недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забраната стапува на сила утре: Унгарија забрани влез на странци во земјата поради коронавирусот

Забраната стапува на сила утре: Унгарија забрани влез на странци во земјата поради коронавирусот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан со декрет им забрана на странците да влегуваат во земјата, со мали исклучоци, објави Служебниот весник во оваа држава.

Забраната, која стапува од сила од утре (1 септември), е најавена минатата недела.

Исклучоците се однесуваат на државните официјални лица, примателите на медицински услуги, странски студенти со потврди за редовни студии, возачи на камиони кои се транзит, гости на семејни собири како венчавки и учесници на спортиски, културни или верски манифестации.

Сите на кои ќе им биде одобрен влез во Унгарија мора да поминат двонеделен карантин и два пати да се нестираат негативно на коронавирус. Двонеделниот карантин е задолжителен и за Унгарците кои од странство се враќаат дома.