среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Загина рускиот заменик гувернер во сообраќајна несреќа

Загина рускиот заменик гувернер во сообраќајна несреќа

Рускиот заменик гувернер на украинската Херсонска Област, Кирил Стремоусов денеска загина во сообраќајна несреќа, соопшти преслужбата на регионалната администрација.

Сè уште не се објавени детали како се случила сообраќајната несреќа.

Смртта на Стремоусов ја потврди шефот на анектираниот Крим, Сергеј Аксјонов. Тој на Телеграм напиша дека Стремоусов беше „вистински борец“ и „руски патриот“.

Руските медиуми објавија дека Стремоусов загинал во сообраќајна несреќа на автопат помеѓу Херсон и Армијанск на Крим. (МИА)