недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЗАГРИЖУВАЧКА БРОЈКА: Погледнете колку луѓе се заразени со коронавирусот во светот

ЗАГРИЖУВАЧКА БРОЈКА: Погледнете колку луѓе се заразени со коронавирусот во светот

Во светот досега повеќе од 48 милиони луѓе се заразени со коронавирус, односно 48.132.494, објавено е денеска на веб-страницата на Ворлдметерс.

Според податоците на оваа страница, од Ковид-19 починале вкупно 1.224.563 лица, а 34.501.985 лица се излекувале. Од вкупниот број моментално болни, еден процент или 88.613 е во критична состојба.

Најголем број заразени има во САД, Индија и Бразил, додека повеќе од милион случаи се регистрирани во Русија, Франција, Шпанија, Аргентина, Колумбија и Велика Британија.

Според бројот на смртни случаи, на прво место се и Соединетите Американски Држави, а по нив следуваат Бразил и Индија.

Во Европа, најмногу заразени има во Русија и Франција, а во регионот Романија е сè уште на првото место. (МИА)