Станбена област во центарот на кинескиот град Шангај е евакуирана денеска по утврдувањето на најмалку три случаи на Ковид-19, први во кинеската метропола од почетокот на ноември.
Властите не прецизираа колку жители беа евакуирани во рамки на операцијата.
Двајца од идентификуваните носители на вирусот работат во различни болници и се соседи.
Автобусите се дезинфицираат, возачите со заштитни комбинезони превезуваат луѓе во центри за карантин. Неколку улици се затворени.
Шангај, со 25 милиони жители, не евидентирал локална трансмисија на коронавирус од 9 ноември.