понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затвореник шверцувал скара и алкохол во затвор (ФОТО)

Затвореник шверцувал скара и алкохол во затвор (ФОТО)

Џошуа Хенсен, затвореник од затвор во градот Бјумонт во Тексас, бил забележан од стражарите како трча надвор од кругот на затворот и собира голема торба која му ја фрлиле од автомобил.

Стражарите го фатиле Хенсен и кога ја отвориле торбата, внатре откриле вистинска гозба – тексашка скара, пржено пилешко, домашна храна и четири шишиња бренди и виски.

Хенсен (25) е осуден поради поседување на марихуана.

Затворот во Бјумонт се наоѓа веднаш до ранч, кој роднини и пријатели на затворениците го користеле да им прошверцуваат тексашки специјалитети.