четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Збогум Холандија, здраво Nederlands

Збогум Холандија, здраво Nederlands

Холандија повеќе нема да постои под ова име бидејќи државата одлучи да го отфли.

Почнувајќи од јануари имињата на министерствата, универзитетите, амбасадите и компаниите ќе го користат само официјалното име на државата Nederlands (Недерландс).

Земјата има 12 провинции, но само две во себе го содржат зборот Холандија. Се работи за Северна Холандија во која се наоѓа Амстердам, додека другата е Јужна Холандија во која се сместени Хаг и Ротердам.

Официјалното име на оваа држава е Koninkrijk der Nederlanden (Кралството Холандија).

Властите сметаат дека оваа промена ќе придонесе до зголемување на бројот на туристи и во останатите делови од земјата, со оглед на тоа дека туристичките центри како Амстердам и Хаг ги посетуваат огромен број луѓе.

Се проценува дека трошоците за оваа промена ќе изнесуваат 319.000 долари.

Промена ќе има и во логото на Холандија со портокалово лале. Портокаловата и понатаму ќе остане официјалната боја, а лалето ќе стане дел од „NL“ на новото лого со кратенка од името на земјата.