понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

Твитерџиите удрија по Богоев: Да пишеш дека си ја оженил ради кладба е најмизерно потценување на сопругата и на сите жени

Твитерџиите удрија по Богоев: Да пишеш дека си ја оженил ради кладба е најмизерно потценување на сопругата и на сите жени

Партијата го убива човекот во тебе, не си ни свесен…

ФОТО: Богоев се ожени и го покажа луксузот- младиот олигарх се пофали во која куќа се пие вино од стотици евра

Стефан Богоев, 28 годишниот, градоначалник на Општина Карпош, вчера ја запросил својата девојка, Ивана Анѓеловска, предложувајќи и брак. „Со еден глас за, Ивана избра да“ – побрзал да се пофалил со потфатот најмладиот градоначалник од редовите на СДСМ на својот Фејсбук профил, а сервилните медиумските мегафони на власта побрзаа да ја пренесат веста, пишува порталот Вистина.мк

„Со Ивана сме заедно осум години. Имаме голема љубов, разбирање, што би се рекло, сите предуслови за брак ни беа исполнети. Но причината поради која што ја запросив осум години од почетокот на нашата врска е таа што уште многу одамна дадов збор дека ќе се оженам кога ќе падне власта предводена од Груевски“ – ќе изјави Богоев за Фокус, сликајќи се со идната сопруга, вереничкиот прстен и тортата во прв план, и секако скапото шампањско во позадина. Да се знае во чија куќа се пијат скапи вина! Оти „не моет“ без „Моет“!, пишува Вистина.

„Моет“ е француско пенливо вино, од средна класа, но сепак „солено“ за македонскиот џеб. Цената на „моет“ на фришоп е околу 60 евра за шише, а цените за вакво пенливо задоволство во македонските ресторани се движат од 100 до 150 евра, за шише. Доколку станува збор за спешл едишн, односно лимитирана едиција, која не за општа продажба, цената на „моет“ може да достигне и до 500 евра од шише.

Чинот на запросување – за поздравување, ама изјавата на младиот општински градоначалник – за смеење.

„Да не беа Бејли и Кале, сиротиот Богоев ќе останеше вечен ерген… неженет до пензија “ – со потсмев ја коментираат поединци.

Патем, ако тргнеш по логиката на Богоев, да ја жениш откако ќе падне власта, денес треба да ти е страв да фатиш девојка. Зашто, како што тој и неговите од СДС тргнале да владеат, многу лесно може да ти се случи брзо да ја запросиш… Едвај после неколку излегувања!“, пишува порталот.