четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Јувентус активно работи на селекцијата

Јувентус активно работи на селекцијата

Во Јувентус не престануваат да работат на летната селекција, преговарајќи на неколку фронта. Италијанскиот шампион започна офанзива за привлекување на талентот на Лион, Усем Ауар. Според „Кориере дело Спорт“, Торино е преферирана дестинација за играчот, и покрај интересот на Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.

Понудата на Јувентус е за двегодишен закуп и трансфер во 2022 година. „Бијаконерите“ бараат секакви опции за да направат силен избор без да дадат многу пари ова лето, поради финансиската состојба предизвикана од кризата со коронавирусот.

До неодамна, Лион го проценуваше Ауар на 70 милиони евра, но под новите услови неговата цена падна на 50 милиони.

Според „Ла Стампа“, Јувентус постигнал договор со Верона за дефанзивецот Мараш Кумбула и ќе плати 32 милиони евра за него. 20-годишниот Албанец импресионираше со своите настапи оваа сезона и го разбуди интересот на Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал, Интер, Наполи и Лацио.

Друг договор за кој „бјанконерите“ преговараат е со Рома. Јуве ќе го купи Роландо Мандрагора од Удинезе за 26 милиони евра и ќе им го понуди на Римјаните во замена за Брајан Кристанте.