четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Убиство и обид за убиство во Мала Речица

Убиство и обид за убиство во Мала Речица

Убиство и обид за убиство ја потресоа Мала Речица пред дваесетина минути. Нашите извори јавуваат дека средовечен човек вечерва ја убил својата сопруга во куќата на нејзиниот татко, а потоа излегол и пукал во таксист со намера да го убие, објави 1 ТВ.

Таксистот е повреден и е префрлен во болница. Според нашите извори, жената е убиена со два куршуми, а убиецот е во бегство и се уште е вооружен. Во моментов полициски екипи вршат увид и чекаат да пристигне јавен обвинител.