Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Ф.С.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
-На 08.12.2017 година во Битола, пријавениот, се претставил лажно како вработен во фирма од Скопје и од И.Д. набавил 30 венчаници со вкупна вредност од 300.000 денари, информираат од МВР.
До денот на пријавување на настанот, пријавениот не го уплатил наведениот паричен износ на И.Д..