Иако во изминатите две сезони беше еден од најинтересните членови на жирито во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, Аца Лукас во моментов не е дел од актуелната сезона, а неговото место го замени Ѓорѓе Давид.
Меѓутоа, Вуксановиќ нема се уште изградено мислење за својата замена, бидејќи како што вели шоуто не го гледа.
-Па јас не гледав „Ѕвездите на Гранд“ ни кога бев во жирито, но мислам дека Давид ќе биде одлична замена за мене. Иако сите сме личности сами за себе и никој никого не менува. Давид го знам повеќе од 35 години, уште од периодот кога свирев со Викторија. Тој е добар дечко, вистински лик и супер ќе се снајде. Него го познавам подобро од сите членови во жирито, подобро и од Саша Поповиќ, вели Лукас за „Свет“.
Тој ја искористил можноста и да прокоментира за Поповиќ.
-За Поповиќ мислам се најдобро, тој е мој голем пријател и секогаш така ќе остане, со него никогаш не сум имал проблем. Целото негово семејство е супер, и сопругата и децата, за нив можам само добро да кажам, вели Лукас.