вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Рама и неговите министри во Корча дочекани со протести

Рама и неговите министри во Корча дочекани со протести

Албанскиот премиерот Еди Рама и членовите на неговиот Кабинет денеска во Корча беа пречекани со протест под мотото „Рама оди си“.

Владата  во Корча престојува во рамки на активноста „Целото внимание за Вас“ каде пред граѓаните презентира активности за подобрување на условите за живот и проекти за зголемување на вработеноста.

Средбата со граѓани се одржува во „Куќата на знамето“ пред која е поставен полициски кордон.

Во еден момент беше и тензично кога кога демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во објектот, но полицијата ги спречи во тоа.

На протестот на кој присуствуваа и пратеници од опозициската демократска партија, еден од нив, Клевис Балиу, им се обрати на полицајците„за кого работите,за народот или за бандитите “на што следуваше одговор на еден од нив „за семејството“.

Инаку,ова не е првпат Рама да биде дочекан со протести. Во мај и јуни со протести беше пречекан во Валона, Фиер, Лушња, Елбасан, Церик, Балш каде престојуваше во рамки на Националниот саем за вработување,како и во Елбасан во почетокот на овој месец каде беше на средба со просветни работници пред почетокот на учебната година. (МИА)