понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо во големи проблеми: Му се заканува доживотна казна затвор

Роналдо во големи проблеми: Му се заканува доживотна казна затвор

Може да се каже дека се што Роналдо допрел претворил во злато, но последните денови Кристијано се најде во големи проблеми. Студентката Кетрин Мајорга, го обвини за силување и фудбалерот на Јувентус би можел тоа скапо да го плати. 34 годишната Мајорга тврди дека Роналдо брутално ја силувал во 2009 година во својот апартман во Лас Вегас, каде работела како хостеса.

-Откако ме силуваше ми се извини. Клекна и кажа дека е 99 проценти добро момче, но не знае за овој еден процент, кажала Мајорга во интервју за германски „Der Spiegel“, а адвокатите на Роналдо најавија тужба против весникот.

Тој еден процент би можел Роналдо да го чини голем дел од богатството, кое се проценува на околу 400 милиони евра, но и многу повеќе од тоа. Во Невада нема застарување на делото за силување доколку жртвата тоа го пријавила во период од четири години. А може да добие доживотен затвор со можност за излегување со условна казна тек после десет години.

Иако во 2010 година прифатила 375 илјади долари на сметка на Британските Девствени острови за да молчи, сега со текот на времето е спремна да се соочи со случката која и го променила животот, поради која смисла на животот нашла во алкохолот и се борела со суицидални мисли. На прашањето зошто ги прифатила парите, кажала дека била преплашена поради неговата слава, а не ни сакала нејзиното име да се провлекува низ медиумите.

Парите ги користев за свое лекување. Па требаше ли јас тоа да го плаќам? Ме силуваше, кажала Кетрин и додала дека пред договорот адвокатите на Роналдо изнајмиле приватни детективи да ја следа и да најдат нешто што би ја дискредитирало, и ја следеле куќата и ги броеле казните за паркинг. Тврделе и дека нејзината работа хостеса не е баш за „добри девојки“.

Роналдо: Мајорга лаже

Вчера се огласи и Роналдо, обвинувајќи ја Мајорга дека шири лажни дезинформации. Но таа не се откажува од својата приказна. Вели дека отсекогаш ја мачело дали уште некоја жена го проживеала тоа што таа го има. Тврди дека Роналдо и пришол во клубот на хотелот, ја фатил за рака и рекол „Ти, дојди со мене“. Дружењето сепак го продолжиле во неговиот апартман, во кој имало уште луѓе, а ја нападнал додека се пресоблекувала во бањата во костим за капење. Пријателката која била со неа вели дека излегла од бањата расчупана, со размачкана шминка и потресена.

Роналдо според некои извештаи кои весниците не ги потврдиле, во 2009 година тврдел дека се согласила на секс, но во мејловите кои ги пратил неговиот  португалски адвокатски тим, признава дека девојката кажала да престане и неколку пати кажала „не“.

„Не се жалела дека било брутално“

-Лежеше странично, не ја менувавме позата 5 до 7 минути. Кажа дека не сака, но се чинеше достапна. Ми говореше „немој, не сум како другите“ и после се извинив. Не се жалеше дека е брутално, се жалеше дека сум ја присилил. Но не споменуваше дека ќе отиде во полиција тогаш, образложил фудбалерот.

Вели и дека имало предигра во која со желба учествувала пред самиот чин, но таа тоа го демантира. Исто така, тој тврди дека Кетрин и нејзината пријателка сами барале да ги пушти во ВИП делот, како и дека не им пришол прв. Според наводите на гостите кои исто така биле вечерта во апартманот, таа не личела вознемирена кога си заминувала

-Мојата ќерка секој ден живее со тоа што и го направи. Имаше денови кога би повикала затоа што видела негде негова фотографи или плакат и се распадна, изјави 66 годишната мајка Шерил.

Роналдо би можел да има голем проблем со кредибилитетот како сведок. Во 2017-та година тој беше обвинет за затајување данок, иако успеа да се извлече, но сега го чека потешка битка.