четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Португалските медиуми откриваат шокантни детали: Роналдо го признал силувањето под притисок на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Португалските медиуми откриваат шокантни детали: Роналдо го признал силувањето под притисок на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Обвиненијата кои ги има Кристијано Роналдо за силувањето на неколку жени секојдневно добиваат нови пресврти.

Манекенката Кетрин Мајорга прва го обвини фудбалерот дека ја силувал во хотел во Лас Вегас во 2009 година, а потоа се јавиле уште три жени со истите тврдења.

Сега португалските медиуми дошле до сознанија дека челниците на Реал Мадрид, каде Роналдо прејде од Манчестер Јунајтед во 2009 година, го натерале играчот да потпише признание кривица како не би се нарушил угледот на кралскиот клуб.

-Клубот барал, а Роналдо се согласил да признае вина и да се договори, затоа така целата приказна брзо би била готово, а девојката би се обврзала дека за тоа нема да говори, ниту повторно да поднесува тужба, наведува дневниот весник „Корео да Мања“.

Португалската ѕвезда и Мајорга се дружеле во клуб во Лас Вегас, после што прв пат го обвинила Роналдо за силување и добила 325 илјади евра за молчење, а сега повторно ја покренува приказната, а полицијата во Лас Вегас покрена пак истрага.