Пешак се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила вчера на улица „1-ви Мај“ во Битола.
Како што информират од полицијата А.В.(30) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.И.(73) од Битола.
-Од ударот М.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола, посочуваат од МВР.