Во Прилеп вчера околу 10:15 часот на улицата „Јоска Јорданоски“ возило „Рено Кангу“ со скопски регистерски таблици, управувано од Д.П.(33) од с.Долно Оризари, удрило во пешакот А.Н. (40) од Прилеп.
-По незгодата со истото возило А.Н. била пренесена во Општата болница во Прилеп, каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица Прилеп, се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.