четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: „Бомбата“ на Роналдо за нова радост на „Старата дама“

ВИДЕО: „Бомбата“ на Роналдо за нова радост на „Старата дама“

Јувентус одигра лошо прво полувреме, а за да нема изненадување се погрижи Кристијано Роналдо. Емполи во 28. минута поведе со 1-0со голот на Чичо Капуто.

Ова беше резултат со кој двата тима заминаа на одморот. „Старата дама“ изедначи во 54. минута, Португалецот без проблем погоди од белата точка, а потоа во 70. минута со фантастичен гол донесе радост на својот тим.