Во Полициска станица Делчево вчера околу 10 часот било пријавено дека на улица „Методија Митевски Брицо” товарно возило „Ивеко“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(27) од Делчево, удрило во пешакот Ј.У.(66) од Делчево.
Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница во Штип.
Извршен бил увид на местото на настанот.