четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пет годишно девојче тешко повредено по удар од џип

Пет годишно девојче тешко повредено по удар од џип

Пет годишно девојче од Ресен се здобило со тешки повреди откако вчера попладне било удрено од автомобил „JEEP LIBERY“, информираат од МВР.

Несреќата се случила на улицата „11-ти Октомври“ во Ресен, кога Н.Ј.(20) од село Царев Двор, управувајќи патничко возило „JEEP LIBERY“, удрила во девојчето.

Од ударот детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во  Клиничката болница Битола.

Увид на местото нa настанот  извршила екипа од Полициската станица Ресен.