петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Вкусно есенско задоволство: Печена пченка во рерна

Вкусно есенско задоволство: Печена пченка во рерна

Ова е единствениот рецепт кој ќе ви биде потребен во студените денови кои следуваат. Солен или не, со зачини или без- изборот е ваш.

1 чекор: Не ја чистете пченката од листовите, туку само исчистете ги свилените конци и неколкуте надворешни листови кои ви изгледаат нечисто. Измијте под силен млаз вода. Оставете ги плодовите да се исцедат, но не го сушете вишокот вода.

2 чекор: Вклучете ја рерната на 175 степени, а кога рерната ќе се загрее, мократа пченка ставете ја директно на решетките.

3 чекор: Печете од 35 до 40 минути. Задолжително проверувајте на 10-тина минути. Печената пченка лесно се препознава затоа што листовите се лесни за лупење и има малку потемна боја од кога е свежа. Отстранете ги листовите, посолете, зачинете и послужете.

Ако сакате малку да ја зачините целата постапка, по печењето премачкајте ја пченката со следниов сос:

65 грама стопен путер

Изрендана кора од ½ лимета

Сок од 1 лимета

2 лажици ситно исечкан коријандер

½ лажица мелена пиперка

Сол, бибер, зачини по желба

Соединете ги сите состојки, добро промешајте, премачкајте и започнете да јадете.