Маж се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа која вчера во 08.45 часот се случила на крстосницата на улиците „Антон Попов“ и „Виктор Иго“.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко моторно возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Б.(45) од Скопје и мопед исто така со скопски регистарски ознаки управувано од П.Ф.(61) од Скопје.
-Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил П.Ф., на истиот му е укажана лекарска помош во Градска општа болница “Св. Наум Oхридски”, информираат од МВР.