Т.Н.(40) од Кочани, вчера управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица.
Несреќата се случила на улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, а по ударот А.Б. починал на местото на настанот.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.