среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на пукањето во Чаир

МВР: Се преземаат мерки за расчистување на пукањето во Чаир

Министерството за внатрешни работи информира дека презема мерки за расчистување на вчерашниот настан во кој едно лице беше повредено во пукотници во скопски Чаир.

-На 20.12.2018 година во 17,45 часот било пријавено дека на улица „Лазо Трповски“ во Скопје било пукано во В.Б.(40) од Скопје. Според пријавеното, во него пукало лице кое било заедно со Е.Х., Е.А. и Р.Н. . В.Б е пренесен во Градска општа болница “Св.Наум Охридски”. Извршен е увид на местото на настанот. Известен е јавен обвинител, информираат денес од полицијата.

Вчера медиумите објавија дека повредениот е Ваљон Беља од ДУИ кој пред неколку месеци беше поставен за нов економски директор на Клиниката за Гинекологија. Тој се наоѓа надвор од животна опасност.