Тринаесет годишно момче се здобило со повреди откако вчера вечерта било удрено од автомобил во Скопје.
Несреќата се случила вo 20 часот на крстосница од бул.Никола Карев и ул. 362 кога автомобил ,,Фолксваген голф“, сопственост на И.Т од Скопје, управувано од засега непознато машко лице, удрил во Л.А (13) од Скопје.
-Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. За сообраќајната незгода известен е Јавен обвинител, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.