вторник, 2. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Роналдо се огласи по синоќешниот инцидент, голема поддршка за неговата реакција

Роналдо се огласи по синоќешниот инцидент, голема поддршка за неговата реакција

Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да му даде поддршка на Калиду Кулибали, кој синоќа постојано добиваше раститички навреди од навивачите на Интер.

Синоќешното дерби во Милано помина во сенката на немилиот настан кој се случи пред мечот во кој еден навивач на Интер го загуби животот а четворица „наполитанци беа избодени“, како и инцидентот на Меаца и постојаните расистички навреди кои ги добиваше Калиду Кулибали од домашните навивачи.

Наполи во неколку наврати побара натпреварот да биде прекинат, а Карло Анчлоти по крајот на средбата се закани дека во иднина тие ќе го напуштат теренот доколку се случи сличен инцидент.

Дефанзивецот исто така доби поддршка од сите страни, извинување упати и градоначалникот на Милано, кој е фан на Интер и вчера беше на трибините.

Сега на социјалните мрежи се огласи и Кристијано Роналдо, кој на Инстаграм постираше слика од еден негов дуел со Калиду Кулибали и му даде поддршка на играчот на Наполи.

„Не за расизмот, не за навредите и дискриминацијата!!! Секогаш барам почитување и едукација во животот и фудбалот“ – напиша ЦР7 и за еден час собра речиси 2 милиони лајка.

 

View this post on Instagram

 

Nel mondo e nel calcio Ci vorreberro sempre educazione e rispetto. No al razzismo e a qualunque offesa e discrimination!!!

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on