недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прегазил пешак и избегал со „Мерцедес“, мажот хоспитализиран со тешки повреди

Прегазил пешак и избегал со „Мерцедес“, мажот хоспитализиран со тешки повреди

Скопјанецот М.Ц. (40) околу 2 часот на новогодишната ноќ бил удрен од автомобил „Мерцедес“ на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје.

Возачот на автомобилот по несреќата го напуштил местото на настанот.

-По незгодата пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид од страна на СВР-Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од полицијата.