четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Многу студено време во најава, во сабота до -14 степени

Многу студено време во најава, во сабота до -14 степени

Снег и многу студено време најавуваат метеоролозите за наредните денови.

Во очекување на циклонот Бојана кој ќе донесе снег, најавени се температури до 14 степени под нулата.

Облачно и студено со врнежи од снег особено претпладне, и повеќе во западните и јужните делови од земјава ќе биде времето утре. Ќе дува засилен северен ветер најизразен долж Повардарието па ќе има услови за појава на навеви од снег. Температурите ќе се движат од -9 степени до 1 степен.

За време на викендот не очекува постудено време. Снежни врнежи се очекуваат во петок, а веќе со сабота минималната температура ќе биде -14 степени, додека во недела -13 степени.

Најнови вести