четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Црна Гора почна со продажба на државјанства, цена од 250.000 до 450.000 евра

Црна Гора почна со продажба на државјанства, цена од 250.000 до 450.000 евра

Црна Гора почна да ја применува одлуката на владата за економско државјанство, која им овозможува на заинтересираните странски инвеститори да можат да добијат црногорски пасош со вложување во развојни проекти, информира Анадолија.

Економското државјанство ќе биде достапно за најмногу 2000 инвеститори, а програмата преку која ќе може да се оствари економското државјанство ќе трае три години. Еден од условите за да се добие црногорско државјанство е за црногорско државјанство да може да аплицира странец кој во Црна Гора или друга држава не е правосилно осуден и за кој агентот за проценка на меѓусебната погодност дал позитивно мислење, вклучувајќи доказа за потеклото на парите наменети за уплата и вложување во согласност со одлуката.

Инвеститорот може да стекне црногорско државјанство по неколку основи – прием врз основа на посебната програма ако на сметката уплатил 100.000 евра за развој на помалку развиени единици од локалната самоуправа.

Исто така, државјанство може да се стекне и ако на сметката уплатил најмалку 450.000 евра за потребите на вложувањето во еден од развојните проекти во Подгорица или приморскиот регион, односно износ од 250.000 илјади евра за потребите на вложување во еден од развојните проекти во северниот или средниот регион од Црна Гора.

Парите ќе се уплаќаат во посебен фонд со кој ќе се финансира изградба на инфраструктура во помалку развиените општини, пред се на северот на државата.

Со одлуката е прецизирано дека контрола на уплатите ќе ја надгледува независен ревизор. (МИА)