Во пожар во фабрика за чевли во Куманово вчера работник се здобил со изгореници, а поради карактерот на повредите од кумановската општа болница е препратен на скопските клиники.
Од полицијата информираат дека пожарот избувнал во помошната котлара за парно греење во фабриката, при што е повреден 57-годишен кумановец.
Другиот пожар се случил во скопско Студеничани, каде огнот зафатил куќа на улица еден, во сопственост на 61-годишен жител на населбата.
Од извршениот разговор со сопственикот како можна причина за настанување на пожарот се наведува вклучена греалка во собата. Од страна на бригада за противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а повредени лица нема.