Жена се здобила со тешки повреди откако била удрена од автомобил.
Несреќата се случила вчера околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола.
Автомобил „Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрил во пешакот Х.Н (58) од Битола.
-Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и била укажана лекарска помош, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.